Со цел почитување на духот, верата и традицијата, по барање на прилепското архијерејско намесништво, централната манифестација во Прилеп, чинот на положувањето на Светиот крст на Богојавленије (Водици) на 19-ти јануари, ќе се изврши во водите на базенот во дворот во црквата Св. Благовештение.
Големиот Богојавленски водосвет ќе се изврши во 09:30 часот, а Светиот Крст ќе се обидат да го фатат 20-тина православни верници. Оној кој ќе го фати Светиот Крст ќе добие пригодни награди од градоначалникот на Прилеп, Борче Јовечски.
Чинот на осветување на водите ќе се одвива и во населените места во општина Прилеп: Селце(6:45), Витолиште(7:00), Бешиште(9:00), Ново Лагово(10:00), Мало Коњари(9:00), Големо Коњари (10:00), Беровци (11:00), Клепач(10:30), Ерековци, Полчиште(10:00), Галичани(12:00), Чепигово(12:00), Подмол (9:00),Тополчани (11:30), Штавица (10:30) и Загорани (12:30).