ВИДЕО – 14 годишниот Марко Ристески по втор пат го фати Светиот крст во Прилеп


14 годишниот Марко Ристески по втор пат го фати Светиот крст во Прилеп.

 

„Јас сум Марко Ристески, имам 14 години, се фрлам втор пат по крстот, лани го фатив и сега втор пат. Учам во Блаже Конески, 9-то одделение. Среќа, здравје, љубов, сите да пробаат, јас сега сакам секоја година да скокам како традиција“, рече Марко Ристески, среќниот фаќач на крстот во Прилеп.

 

„Ги поздравувам исте присутни  и ви го честитам овој голем ден Водици, оној ден кога Св. Јован го крсти Исус Христос во светите води на реката Јордан. На овој начин го празнуваме духовното раѓање на Исус Христос и навистина, во толкав голем број на верници ви благодарам што ја враќаме вербата и довербата во народот, во нашите верници. Го честитам денот на сите мои сограѓани, на свештениците, на организаторот на овој настан, а воедно и на ова златно детенце Марко на кого му подаруваме во име на локалната самоуправа симболичен и пригоден поклон. Да го чува цела година здравје, среќа, бериќет дома во семејството. Бог се јави“, изјави Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

 

„Во името на компанијата Зегин од Скопје и во мое лично име му честитам на Марко за фаќањето на светиот крст и му ја пожелувам целата среќа на овој свет и на неговото семејство. За таа цел компанијата му подарува вредносен чек од 12.000 денари кои може да ги употреби во Техно маркет“, истакнаа од компанијата Зегин.

 

„Од името на Евротип обложувалници ти доделуваме телевизор. Бог се јави и за многу години“, кажа Влатко Стојаноски, од Евротип обложувалници.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи