Прилепчанецот Александар Ристески на својот роденден, по четврти пат, го фати чесниот крст во Кавадарци. Ристески истакна дека сите средства кои ќе ги добие за фаќањето на крстот ќе ги донира на семејството на Цене Маџуни од Прилеп, на кое му се неоходни. Ристески го има фатено крстот во 2013, 2015, 2018 и сега во 2023 година.
Ристески утре од 11.00 до 16.00 часот со крстот ќе биде на Градскиот плоштад во Кавадарци и сите кои ќе сакаат да донираат средства тоа може да го направат таму.
Инаку на Ристески за фаќањето на крстот му честитаа, а го поздравија и чинот на хуманост, градоначалникот Митко Јанчев, претседателот на Советот Стојанчо Рамов и старешината на Кавадаречкото архиерејско намесништво Отец Воислав Ѓорѓиев.