Од полноќ повисоки цени на горивата

Facebook
Twitter
Email
Print
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивото се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 84 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 86 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 84,50 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за еден денар и ќе се продава за 82,50 денари за литар.

Минимално покачување има и кај цената на мазутот која сега ќе изнесува 41,346 денари за килограм.

Цените на автоплинот и метанот остануваат исти.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци