Судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на Абдулфетах Алими, обвинет за непостапување во службата како член на обезбедувањето на Собранието, за време на крвавиот упад во законодавниот дом. Според обвинението Алими ги дал клучевите од собраниските врати.
Алими долго време не им беше достапен на органите на прогонот. Но, денеска сам се пријавил во Основниот суд Скопје 1, а по прочитаната одлука на судијата тој експресно е пренесен во истражниот затвор „Скопје“.
Алими ѝ беше познат на јавноста како човекот кој го спаси пратеникот Зијадин Села од напаѓачите за време на упадот во Собранието на 27 април.