МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерството за труд и социјална политика известува дека на 27.2.2023 година (понеделник) почнува етапната исплата на пензиите за февруари, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите што не користат картички ќе се реализира во четири групи според висината на пензијата:

• за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.2.2023 година (понеделник);

• за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.2.2023 година (вторник);

• за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 1.3.2023 година (среда) и

• за пензии со висина над 18.001 денар, исплата да се изврши на 2.3.2023 година (четврток).

Пензионерите што користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата со парите може да располагаат од 27 февруари (понеделник). Тие може да си ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи