ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.Н.(53) од Велес, М.О.(59) од Прилеп, Е.Р.(59), В.А.(59), двајцата од с.Лажани, правно лице од Кичево и две правни лица од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено продавање или купување готовински странски платежни средства и чекови“.
Пријавените, спротивно на законските прописи и без овластување на Народната банка на Република Македонија, неовластено продавале и купувале готовински странски платежни средства – девизи во противвредност од 3.188.500 денари.