ВИДЕО–Тренчевска: Во градежништвото има процеси кои не дозволуваат одмор, се работи додека не се заврши, тогаш се дозволува прекувремена работа


Одговарајќи на новинарско прашање кој е ставот на министерката за труд и социјална политика, за воведувањето на предлогот за 60 часовна работна недела околу изградбата на новите автопати, таа истакна дека се работело за проект кој е од стратешки интерес и национален интерес за државата и се работело за прекувремена работа исклучиво со согласност на работникот.

„Не се работи за прекувремена работа на сите ангажирани работници. Се работи за прекувремена работа доколку процесот го бара тоа, има во градежништвото, особено во инфраструктурата има процеси во кои се бара итност и во тие случаеви ќе имаме прекувремена работа која ќе биде платена на работникот согласно законската регулатива во државата, меѓутоа прекувремена работа исклучиво со согласност, доколку работникот се согласи.

Неуставна одредба е ако донесеме право на сите работници, кај нас согласно Законот за работни односи неделното работно време е 40 часа и овде велиме за исклучителни проекти, за проекти кои се од стратешки и национален интерес на државата, не за сите работници, само онаму каде процесот бара да биде завршен во одредено време, затоа што во градежништвото имаш процеси кои не дозволуваат да има одмор, туку додека не се заврши процесот да се работи и во тој случај се дозволува прекувремена работа на работниците. Тоа е предлогот кој е даден во Собранието од страна на пратениците“, истакна денеска во Прилеп, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи