Седмото издание на фестивалот на авторска народна музика „Прилеп Фолк Фест“ ќе се одржи на 1 јуни во домот на културата „Марко Цепенков”. Фестивалот и оваа година е во организација на „Здружението за музичка продукција и организација на настани „One way“, а под покровителство на Општина Прилеп.
Како минатите така и оваа година Советот на фестивалот ќе ви претстави прекрасни македонски современи песни, испеани од најреномираните македонски и странски пејачи, а напишани од елитата на македонски автори.
“Прилеп Фест” беше и ќе остане еден од симболите на градот, а за оваа фестивалска вечер да биде посебна ќе се погрижат: Наум Петрески, Зуица Лазова, Елена Велеска, Андријана Ацевска, Лили Семкова, група Дрим Тим, Благоја Груевски, група Алтернатор, група Круна и многу други.