Судската администрација повторно излезе на протест, искажувајќи го незадоволството откако министерот за финансии Фатмир Бесими вчера не го потпишал одобреното покачување од 15 % за додатоди на плата, како и зголемувањето на платите за 30%. Најавуваат и радикализирање на протестот, односно доколку нивното барање не биде исполнето, тогаш од 1 септември ќе стапат во генерален штрајк, што ќе значи и парализирање на работата на судовите.
„Најавуваме генерален штрајк од 1ви септемрви, кадешто ќе блокираме и улици и нема да може тогаш од наши средства да се полни буџетот. Нема да се вадат ни уверенија за неосудуваност, ни за трето дете, да видиме каде одат овие пари. Во моментот кога именуваните и избраните функционери добија покачување на плата од 78%, нас вработените во судската служба да ни се укинат сите додатоци, при што сега има енормна разлика на плати во судството, службеник со судија сооднос 1 со 5 и судија со стручен соработник 1 со 3, како никогаш досега и никаде во развиениот свет “, рече Јасмина Величкова, претседател на независен синдикат на Судска администрација.
Судската администрација не се согласува и со договорот на Владата и Сојузот на синдикати за покачување на платите за 10% , како и со к-15 во висина од 10 000 денари.
Инаку протести денес се одржаа пред основните судови во Охрид, Битола, Струга, Штип, Свети Николе и Тетово.