Бектеши: Од среда пониски цени на над 50 основни прехранбени производи

Цените на над 50 основни прехранбени производи, од кои 90 отсто се даночат со ДДВ од 5 отсто, ќе се намалат за минимум 10 отсто од наредната среда, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши по средбата со претставници на осум синџири на маркети што се одржа во Министерството за економија на која присуствуваа директорот на Државен пазарен инспекторат Горан Трајковски и претставници на Стопанската комора.

„Имавме многу конструктивна дебата и заеднички се согласивме дека има простор за намалување на цените. Тоа како општествено одговорни претпријатија го прифатија и синџирите на супермаркети што значи дека ќе бие усвоена одлуката на Министерството за економија на владината седница во вторник и реализирана во делот на намалување на цените на прехранбените производи во сите синџири на супермаркети“, изјави Бектеши по средбата и додаде дека очекува нивниот пример да го следат и увозниците и производителите на прехранбени производи.

Моментално Министерството за економија работи на дополнителни мерки за дистрибутерите и за производителите на прехранбени производи кои утре најверојатно ќе бидат свикани на состанок во Министерството.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи