ВИДЕО – По втор пат, овој пат со минирање, означен почетокот на работите на автопатот Прилеп-Битола


По втор пат, но овој пат со минирање, беше означен почетокот на градежните работи на автопатот Прилеп-Битола. Првиот пат беше во мај кај ТИРЗ Прилеп кога се постави камен темелник, но машините си заминаа само 2 часа по настанот. И денеска немаше градежни машини на местото каде се случуваше настанот, но сите се надеваат дека конечно ќе се започне со долго најавуваните активности. Бехтел и Енка во моментов се во потрага по работници, а саеми за работници досега има во Тетово, Гостивар и Битола, а денеска таков се одржа и во Прилеп.

Досега имаат 360 сивија кои ги разгледуваат од наши сограѓани, од сите различни профили. И тоа е малку, бидејќи во моментов она што најмалку им треба на „Бехтел и Енка“ од наши работници е 2.000. Затоа сакам овие саеми за вработување да бидат поттиг за сите наши сограѓани, без разлика на возраста сите оние кои се работоспособни, кои сакаат да работат на овој голем проект. Вакви саеми ќе бидат организирани и во други градови од државата, не само во овој регион, со цел да бидат пополнети со наши, македонски работници, така како што стои и во договорот“, рече премиерот Димитар Ковачевски.

Беше потенцирано големото значење на изградбата на овие инвестиции и тоа дека за неколклу години целиот Коридор 10Д од Градско преку Прилеп и Битола, па се Меитлија на грчка граница ќе бидел покриен со експресни патишта и автопат.

Денеска сме на трасата на автопатот Прилеп – Битола кој е најголем проект, историски гледано, во овој регион, кој несомнено ќе биде шанса за развој, за економски просперитет, за граѓаните да ги задржиме овде, за повеќе домашни и странски инвестиции да имаме во Прилеп, Битола и сите останати општини“, кажа Благој Бочварски, Министер за транспорт и врски.

 

„Регионалната поврзаност и добрата инфраструктура се премногу важни, и се едни од нашите цели, но и цели на Владата на Северна Македонија. И ова поврзување на градовите Битола и Прилеп со модерен и безбеден автопат е премногу важно“, истакна Ерик Мејер, заменик амбасадор на САД во Македонија.

За да се заштеди на време во изградбата на патот, за разлика од минатото не се чекало да се собере целата потребна документација, па да се започне со работа туку работите ќе се решавале во од.

Ние прво почнуваме кај државните парцели, затоа ова се вика брза градба, затоа што нема да има никаде застој, истовремено и проектираме и градиме. Затоа паралелно се одвива и експропријација, и проектирање, и геолошките испитувања и градбата со денеска почнуваме заедно тука“, додаде Ејуп Рустеми, директор на ЈПДП.

Но и денеска не беше потенцирано колку точно ќе чини овој автопат кој треба да биде долг 39,3 км. и треба да биде изграден за 57 месеци.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи