Втор ден не сообраќа возот на релација Велес-Прилеп-Битола и обратно

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Пожар на стрништа покрај пругата ги изгоре праговите поради што втор ден не сообраќаат возовите Велес-Прилеп-Битола и обратно. Во вторникот попладне изгорени се 160 прагови на пругата на Железничката станица Браилово близу Прилеп, по што од среда по полноќ возовите се оневозможени да сообраќаат.

Од Македонски Железници информираат дека нивни екипи работат на санирање и обнова на праровите по што ќе бидат пуштени возовите, но не посочуваат кога е рокот на санација на оштетената пруга.

Претходно до вторникот вечерта возот само пет дена сообраќаше, откако претходно исто така поради изгорени илјада прагови од пругата, возот на релација Велес-Прилеп Битола беше во прекин осум дена.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира