ВИДЕО – Ковачевски: Да го оствариме вековниот сон на сите борци за независна Македонија, да изградиме држава која ќе биде членка на ЕУ


Како претседател на Владата јас само можам уште еднаш да упатам честитки до сите граѓани на нашата држава. Особено до Прилеп и Куманово, со оглед на тоа дека народното востание започна во Прилеп и Куманово на 11 октомври 1941. Тоа се 2 града херои, истакна денеска во Прилеп, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.

„И темелите кои се удрени тогаш, но и на 2 август 1903, недалеку од тука, во мое Крушево, темелите кои се удрени и на заседанието на АСНОМ во Прохор Пчински и 1991 година со референдумот за незавиноста и прогласување на независна македонска држава, всушност претставуваат и аманет за нашата генерација на политичари, но и на граѓани и на заедница и сите чинители во општеството да го оствариме вековниот сон на сите борци за независна Македонија, а тоа е да изградиме држава која ќе биде членка на ЕУ, држава членка на НАТО, што го направивме и покрај сите противења на оние истите кои сега се противат на влегувањето и продолжувањето на македонскиот пат кон ЕУ интеграциите.

Дека граѓаните треба да го поддржат овој европски концепт на заедништво во државата кој ќе резултира со држава полноправна членка на ЕУ, држава во која ќе имаме економски просперитет, држава во која ќе има врвна социјална правда и држава во која што ќе има врвно владеење на демократијата и правото“, рече Ковачевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи