Инфектологот проф. д-р Вело Марковски ќе се кандидира за претседател на државата на престојните избори.
Преку соопштение тој денеска испрати покана за медиумите за настан на кој ќе ги објави намерите за поднесувањето на кандидатура на претстојните претседателски избори.
Марковски ќе ја промовира и својата веб-страница velomarkovski.mk во која се содржани неговите досегашни активности и неговата програма како претседателски кандидат.
„Претседателот на државата е маргинализиран. Затоа ни е потребно народот да избере одговорен и способен претседател кој ќе биде независен од политичките партии и нивните претседатели“, наведува професорот во неговата „Визија за претседател“.
Со цел да се кандидира за претседател, Марковски треба да собере над 10.000 потписи од граѓани, или пак да биде поддржан од 30 пратеници, односно од некоја политичка партија.
Покрај богатата медицинска кариера, Марковски веќе три години е дел од највисоките органи на најголемата опозициска партија во земјава, ВМРО-ДПМНЕ. Дали токму тој ќе биде претседателски кандидат на ВМРО ДПМНЕ, или ќе оди самостојно на наредните претседателски избори останува да видиме.