Премиера на „Хамлет“ во прилепскиот театар

На сцената од народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, вечер од 20 часот, ансамблот на театарот премиерно ќе ја изведе претставата „Хамлет“ според Вилјам Шекспир во режија на Бранко Брезовец.

Претставата секој агол од прилепскиот театар ко претвора во драмска сцена. Нагласени се конфликтот во и меѓу ликовите, стремежот за моќ и желбата за одмазда,. „Хамлет“ на режисерот Бранко Брезовец се труди и да биде и да не биде наш современик и современик на нашиот театар.

„Хамлет можете да го гледате од најразлични аспекти. Можете да ги критикувате неговите неамбизиозност и неактивност или можете тоа да го пофалите. Овде е обидот сето тоа да се покаже во сите свои скокови и со сите свои можности. Тоа за луѓето кои очекуваат цврста карактерност на ликот, може да им се чини необично“, рече режисерот Брезовец на синоќешната прес-конференција.

За актерската екипа фасцинантна е прецизноста на секој елемент во претставата и тоа дека секој дел од објектот е драмска сцена.

„Фасцинантно е тоа што го прави режисерот со кого ни е трета соработка. Секол елемент во претставата е прецизен, филигрантски дотеран, а секој дел од прилепскиот театар се вклопува како сцена без да му наштети на квалитетот на дејството“, рече актерката марија Спиркоска Илијеска.

 

„Публиката има единствена можност да го види театарот како цела сцена. Па и да види во какви услови играме, зашто објектот е речиси руиниран, а сепак создаваме уметност“, рече актерот Зоран Иваноски кој во претставата го игра Хамлет.

Во претставаат играат и Димитар Ѓорѓиевски,, Андон Јованоски, Даниела Иваноска, Игор Трпчески, Илија Волчески, Александар Тодески, Михајло Миленкоски, Виолета Чакарова, Наташа Ачански и Ана Митоска.

Режисерот Брезовец ја направи и адаптацијата, сценографијата е на Пеце Ристески, а костимите на Сузана Брезовец.

По претставите „Антица“ и „Глембаеви“ ова е трета соработка на хрватскиот режисер со ансамблот на прилепскиот театар и трета премиера на театарот годинава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи