Со средства наменети за имплементација на Стратегијата за Ромите ќе се реконструира водоводна мрежа во Прилеп

Од средствата наменети за имплементација на Стратегијата за Ромите од Министерство за транспорт и врски во општина Прилеп ќе се реконструира водоводна мрежа во повисокиот дел од улица Дебарца и секундарни краци во износ од околу 1,1 милони денари со што се решава проблемот за водоснабдување во најголемата ромска населба Тризла.

Дополнително во насока на имплементација на Стартегијата за ромите, Владaта во соработка со меѓународните организации и граѓанскиот сектор спроведе и спроведува низа активности за подобрување на квалитетот на живот на жителите на Тризла.

На одбележувањето на Меѓународниот ден на сиромаштијата во употреба беше пуштено обновеното спортско игралиште во ООУ „Добре Јованоски“, што е најблиското основно училиште до најголемата ромска населба Тризла. Во рамките на истиот проект направено е опремување на две училници за спроведување на образование на возрасни и има зголемен опфат на лица во активацијата на пазарот на труд.

Општина Прилеп, исто така, е една од трите пилот општини каде што се реализира регионалниот проект „Јакнење на националните и локалните системи за поддршка ефективна социо-економска интеграција на повратници во Западен Балкан“, во партнерство со локалните заедници и Министерството за труд и социјална политика, а поддржано од Делегацијата на Европската Унија.

Владата и граѓанскиот сектор исто така спроведоа и проект за бетонирање на улица Богомилска со крак Тризла и бетонирање на улица Богомилска со крак Гостиварска.

Во рамките на ИПА се спроведува и поголем проект насочен во подобрување на условите за живеење, легализацијата и реконструкција на домовите на социјално ранлива категорија на граѓани.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи