Денес во просториите на СОУ „Орде Чопела“ по повод 3-ти Ноември се одржа турнир во забрзан шах во организација на Шаховскиот клуб „Прилеп“, а со поддршка од Општина Прилеп и Советот на Општина Прилеп, на кој што учество зедоа околу 60 учесници од средните училишта од градот.
„Шахот го тренира логичкото размислување. Тој не учи како да се донесуваат одлуки, ја тренира меморијата, ја зајакнува волјата и ги мотивира децата да победуваат, но и ги учи како да се справат со поразот“, рече градоначалникот Борче Јовчески.
Турнирот е дел од активности при прославата на 3-ти Ноември, Денот на ослободување на град Прилеп.