Малолетна девојка киднапирана од семејниот дом во Прилеп

На 11.11.2023 во 18.30 часот во ОВР Прилеп, Р.Д.(44) од Прилеп пријавил дека од семејниот дом во Прилеп со употреба на сила неговата малолетна ќерка била качена во возило од две лица, од кои едното, според пријавеното, е нејзино момче.

Инаку, претходниот ден, Р.Д. пријавил дека неговата ќерка се оддалечила од домот, по што истиот ден беше пронајдена кај момчето во Битола.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи