Следна точка која што ја разгледавме беа развојните програми, она што е законска обврска на локалната самоуправа, а тоа е дека до 15 ноевмри мора да се донесат развојните програми за идните, ние ги развлековме на 2 години, 2024 – 2025 година, во кои се преместени 6 развојни програми, рече на денешната прес конференција Дејан Проданоски, претседател на Совет на Општина Прилеп.
„Со тоа продолжуваме со она што значеше рехабилитација и реконструкција на повеќе од 80.000 метри квадратни инфраструктура во градот, која сами гледате дека е во тек и е во завршна фаза. Таа продлжува за наредните 2 години до исплаќање на вкупната сума од 120 милиони денари.
Понатаму како втора развојна програма беше исто така програма која ја имавме минатата година, тоа е изградбата на модуларната катна гаража на потегот за УЈП и таа продолжува и догодина се надевам дека ќе пресечеме лента за нејзино отворање и пуштање во употреба, тоа во пролетните месеци од прилика би се случило.
Поместивме уште 4 нови развојни програми, што значат подобрување на квалитетот на живот на нашите сограѓани. Прво 2 кружни текови и тоа кружниот тек овде во центарот на градот на раскрсницата помеѓу улиците булевар „Гоце Делчев“ и „Прилепски бранители“, или добро познатата раскрсница кај градска. Понатаму уште еден кружен тек на потегот на крстосницата на улиците „Димо Наредникот“ и „Александар Македонски“ во населбата Димо Наредникот, кај зградите, тоа добро го знаат нашите сограѓани, тука има сериозно добри профили да се изгради тоа и да се тргне семафорското решение.
Со тоа продолжуваме кон она што значи заокружување на движењето низ центарот на градот без регулиран проток, односно со регулирање со кружени текови. Знаете почна трендот со кружниот тек „Карпалаг“ кај 13-катницата, понатаму централниот, оној што треба наредната година да се изгради на потегот на крстосницата кај новата зграда од локалната самоуправа и да заврши со оној кој веќе треба да се отпочне со работа, а тоа е оној кај старата стоковна куќа, односно крстосницата на улиците булевар „Гоце Делчев“ и „Кузман Јосифоски“. Со тоа се прави една целина, заокружувајќи со кружниот тек на улиците булевар „Гоце Делчев“ и „Димо Наредникот“. Со тоа добиваме една целина каде нема да има вакви загушувања на сообраќајот какви сега ги имаме, затоа што имаме нерегулиран проток на сообраќај и понатаму на следна крстосница регулиран со светлосна сигнализација, односно семафори и тоа прави дополнителна гужва во движење. Еве со ова се заокружува една целина за да има непречен тек сообраќајот.
Понатаму продолжуваме уште со 2 развојни програми, а тоа е дозаокружување, односно сметаме дека е важно и затоа е преместено во развојна програма и сметаме дека ќе донесе дополнителна стопанска активност во нашиот град, односно дооформување на 1.500 метри улици проектирани во индуструската зона Прилеп 1, односно кај поранешната фабрика „Металец.
И уште една улица во должина од 400 метри која треба да се изгради во задниот дел кај новоформираната индустриска зона, тоа е урбан блок 2, или најпрепознатливо наспроти силосите од „Жито Прилеп“. Со овие 6 развојни програми кои се развлечени на 2 години би се потрошиле 182 милиони денари од основниот буџет, би се плаќале во двете наредни години 2024-2025 и со тоа не го оптоваруваме дополнително буџетот на Општина Прилеп за да падне на 1 година, затоа што имаме превземено обврски од минатите години, превзедовме и оваа 2023 обврска во однос на рехабилитацијата на улиците низ градот и се развлекува до крајот на мандато, до 2025 година овие проекти да станат реалност и да го видат светлото на денот.
Морам да напоменам, по информациите и она што треба да следи во овој период до крајот на годината, сега ќе пристапиме со локалната администрација и со градоначалникот кон креирање на новиот Буџет за 2024 година и во него ќе бидат поместени проекти кои треба следната 2024 година од основниот буџет, она што останува незафатен дел, да се реализира на територија на општина Прилеп. Сметам дека треба граѓаните да знаат покрај овие развојни програми, да не се сведе дискусијата во јавноста дека само на 6 проекти ќе се работи, туку овие се развлечени на 2 години за да се олесни буџетот и да се добие поголема рентабилност, а си останува со тој Буџет за 2024 да се реализираат и други проекти кои ќе бидат поместени согласно програмата која ја вети градоначалникот, а ние како Совет даваме поддршка да се реализира предизборната програма 2021-2025 година“, додаде Проданоски.