ВИДЕО – Нема пласман за селектираната пластика за рециклирање, комуналните претпријатија бараат помош од државата


Купишта на пластика веќе со месеци стојат во одделението за рециклирање при ЈКП „Комуналец“ од Прилеп. Во моментов извозот на пластика е енормно намален, па оние јавни претпријатијај во државава кои селектираат отпад се соочуват со вакви проблеми, а со тоа врзани им се и поголеми парични средства неопходни за нивно функционирање. За да не доаѓа до вакви проблеми во иднина од прилепски Комуналец кои се неприкосновени лидери во Македонија во селекцијата на отпадот бараат државата да помогне во отворање на преработувачки рециклирачки центри во Македонија. Досега скоро целиот селектиран отпад зависи од странскиот пазар.

Се надеваме дека ќе се отвори пазарот и оние откупни компании кои го откупуваат овој отпаден материјал од нашето комунално претпријатие со поголем интензитет ќе купуваат отпаден материјал од нас и ќе го пласираат на странскиот пазар кој самите го обезбедуваат. Државата да поттикне некоја стимулација кон приватните компании, да инвестира во пронаоѓање на нови пазари за пласман на тој отпаден материјал“, изјави Рубин Абрашоски, директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.

Во иднина целиот Пелагониско плански регион и Охридско треба да носат отпад во Регионалната депонија која треба да биде изградена во Општина Новаци. Тоа значи колку повеќе отпад се носи толку повеќе комуналните претпријатија ќе плаќаат пари. Токму затоа во иднина целта ќе биде што повеќе отпад да се селектира и продава. Во Прилеп секое домаќинство има 2 канти каде селектира органски отпад и пластика и хартија. А сега се планира воведување и на 3 канта, за биоразградлив материјал.

Би се селектирал целиот оној биоразградлив материјал, кој може во иднина да се користи за компостирање. Дали ќе биде целиот материјал комплетно, или ќе биде поделен во храна и остатоци од храна, и оној зелен дел кој исто така може да служи во процесот на компостирање“, додаде Абрашоски.

 Со тоа кај депонијата Алинци би се отворила компостара, а веднаш до неа се планира и доизградба на веќе предвидената фабрика за секундарна селекција на отпадот, каде ќе се доселектира отпадот собран на дневно ниво. Во моментов годишно Прилеп селектира од 1.000 до 1.200 тони пластика и хартија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи