Примена на голем број техники во новиот центар за физикална терапија „ФИЗИО ПЕТКОСКИ“ во Прилеп на Костадин Петкоски


Прилеп доби нов центар за физикална терапија „ФИЗИО ПЕТКОСКИ“, лоциран на улицата „Архиепископ Доситеј“ или по старо „Ленин“ бр. 122 каде што ќе работи младиот физиотерапевт Костадин Петкоски, кој иако млад зад себе има 9 годишно искуство во оваа професија. Со практично искуство започнал уште додека учел медицинско училиште во Припеп, на струката физиотерапевт. Работел заедно со негова братучеда 4 години, а потоа се запишав на факултет физиотерапевт и продолжил сам и да работи и да студира. Во новиот центар за физикална терапија ќе се применуваат техниките на акипунктура, киропрактика, кинезитерапија, медицинска масажа, спортска масажа, електро терапија, вендузи терапија, хиџама.

 

 

 

 

 

„Оваа ординација ја отворив во Прилеп пред се да им помогнам на луѓето, нашата професија е хумана, сакав да придонесам со отворањето на нешто ново, за Прилеп и цела Македонија. Потребата за физиотерапија е огромна, секоја има потреба од неа од 7 до 77. За тоа придонесува пред се брзиот начин на живот кој го живееме. Недоволното време да се посветиме на самите, едноставно ги занемаруваме самите сигнали кои ни го дава телото и сите бараме помош кога ќе дојде 5 до 12. Пациентите најмногу се жалат на проблеми во лумбалната регија, проблеми со колената, проблеми со ишиалгија, проблеми со брахиалниот нерв, болки во вратот“, вели Петкоски.

 

 

 

 

 

Едни од поретките методи, кои поретко може да се најдат во други вакви салони, се прво акупунктурата, која е стара кинеска медицина која што Кинезите ја користеле илјадници години. Тоа е манипулација, вметнување на игли во самиот дел на телото со гаѓање на болни точки. И вториот метод киропрактиката, односно со помош на крцкање да се наместат зглобовите.

„Значи работам со луѓе кои доживеале мозочни удари, спортски повреди, со луѓе после скршеници на екстремитети. Луѓе со лумбаго, ишиалгија, брахиалгија, вратна тензија, спаза на мускулатура, дискус хернија, лумбална дискус хернија, цервикална дискус хернија и вратна спондилоза. Исто така упатувам апел до сите граѓани на Општина Прилеп, па и пошироко, бидејќи јас имам пациенти од цела Македонија да не ги занемаруваат сигналите кои им ги испраќа самото тело. Секој може да си подари масажата за своето тело, па макар тоа било и еднаш месечно за да може телото нормално да функционира и да не дојде до болки и проблематики“, вели Петкоски.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи