ВИДЕО – Серија настани на ООУ „Кочо Рацин“ во соработка со ООУ „Кирил и Методиј“ од с. Канатларци по повод неделата на демократијата


По повод неделата на демократијата ООУ „Кочо Рацин“ во соработка со ООУ „Кирил и Методиј“ од селото Канатларци организираше серија на настани чија цел е основниците да научат да си помагаат помеѓу себе, да се почитуваат и како да имаат толеранција на различностите. Активностите се одвиваа во училишниот двор на „Кочо Рацин“, каде дел од децата учествуваа во спортски активности, а дел пак ги цртаа белите ѕидови од дворот. Други ученици пишуваа пораки на тема демократија на турски и македонски јазик.

„Денеска децата треба да си подадат рака, и не само денеска туку и во другите денови, да си помагаат, да се почитуваат, да се сакаат и да знаат на кој начин треба да се помируваат. Тука се вклучени децата од 4 и 8 одделение и ликовната секција“, истакна Јулијана Тренкоска, директорка на ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп.

По повод неделата на демократијата се организирале и други разни работилници и дсебати и она што пред неколку години започнало како проект сега веќе станало традиционално.

„Оваа година акцент ставивме на врсничкото насилство, тема која што е голем проблем за нас и со која секојдневно се соочуваме. Работилниците кои што ќе се одржуваат се прилагодени според возраста на учениците. Во секое одделение се спроведуваат различни работилници, а учениците кои се одговорни и кои ги спроведуваат нив се претседателите и замениците во одделенијата, односно членовите на ученичката заедница. И како еден вид на завршна активност која што ќе ја спроведат најстарите, учениците од 8 и 9 одделение од нашето училиште е дебатата и овие дебатери ќе дебатираат на тема дали сајбер и булинг насилниците иако ги носат овие негативни епитети сепак имаат повеќе пријатели и се поомилени во друштвото“, додаде Вера Цветкоска, наставник по германски јазик.

За жал насилството кај врсниците и учениците се уште е застапено и ваквите настани помагаат младите да истото да го искоренат, односно пред се да се превенира, да се рабуди свеста кај младите дека тоа не е добро и да се спречат ваквите немили настани.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи