„Чувари на формулата“ – најновиот филм на Бјелогрлиќ во кино Мис Стон

На 22.11.2023 , во среда од 19.30 часот во кино Мис Стон ќе се прикажува филмот „Чуварите на формулата“.

ЧУВАРИ НА ФОРМУЛАТА/ GUARDIANS OF THE FORMULA (2023) – Србија, Словенија, Македонија, Црна Гора

„Во екот на кризата од Студената војна, група научници од Институтот Винча спроведуваат таен проект предводен од професорот Драгослав Поповиќ. Поради непредвидени околности, тие се изложени на смртоносна доза на радијација, поради што југословенската тајна полиција ги носи на лекување во Клиниката Кири во Париз. Францускиот медицински тим предводен од професорот Жорж Мате заклучува дека нивната состојба е критична и дека деновите им се избројани. Предлага, за прв пат тогаш, да се изврши деликатна и неизвесна интервенција. Дали е тоа експеримент врз живи луѓе или искрена желба да им се помогне – станува мачно прашање за југословенските научници.“

Играат: Алексис Маненти, Радивоје Буквиќ, Лионел Абелански, Жереми Лаер, Оливије Бартелеми, Алиса Радаковиќ, Ан Сера, Огњен Миќовиќ, Јован Јовановиќ, Жан-Луи Кулок, Седрик Апието, Мики Манојловиќ, Драган Бјелогрлиќ

Режија: Драган Бјелогрлиќ

Сценарио: Вук Ршумовиќ, косценаристи Огњен Свиличиќ, Драган Бјелогрлиќ

Кинематографер: Иван Костиќ

Монтажа: Милена Предиќ

Композитор: Александар Ранѓеловиќ

Дизајн на звук: Бранко Нешков

Снимател на звук: Игор Поповски

Сценографија: Јелена Сопиќ, Јована Цветковиќ

Костимограф: Марина Вукасовиќ Меденица

Маска: Горан Игњатовски

Копродуценти: Мирослав Могоровиќ, Алеш Павлин, Андреј Штритоф, Томи Салковски, Ѓорѓе Војводиќ

Копродуцент: Дејан Чакајац

Извршен продуцент: Горан Бјелогрлиќ

Продуценти: Драган Шолак, Драган Бјелогрлиќ

Продукциски куќи: Кобра филм и Тон филм во соработка со Јунајтед Медиа, Перфо Продукција, Скопје Филм Студио, Битер Фрејмс

Со поддршка од Агенција за филм на Северна Македонија, Филмски Центар Србија, Филмски Центар Црна Гора, Креативна Европа МЕДИА и Еуримаж

Влезниците за филмот ќе се продаваат на билетарницата од киното во среда од 10 до 13 часот и два часа пред проекцијата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи