На 25.11.2023 во Скопје се одржа Меѓународен Турнир во џудо „Миоки Опен – 2023“. На овој Турнир ЏК Сеишин-Прилеп зеде учество со вкупно 15 натпреварувачи, а освоени се 9 медали ( 2 златни и 7 бронзени).
Резултати поединечно:
- Софија Ѓорѓиоска 1 во место
- Матеја Николоска 1 во место
- Јана Ангелески 3 то место
- Арсениј Димески 3 то место
- Теодора Илиоска 3 то место
- Тамара Илиоска 3 то место
- Немања Џагадуроски 3 то место
- Марко Василески 3 то место
- Никола Магдески 3 то место.
Одлично се изборија и Михаил Димоски, Борис Џагадуроски, Мила Здравеска, Марко Ацески, Благојче Мантароски и Дарио Нанески но не успеаја да изборат место на пиедесталот.
Во конкуренција помлади Пионерки ЏК Сеишин е прогласен за најуспешен клуб на натпреварот и добитник на ПЕХАР!!!! Екипата ја предводеа тренерите Дејан Мицкоски, Марио Тошески и Бојан Синадиноски.