Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) денеска донесе одлука за намалување на цените на горивата. Новите цени ќе бидат на сила по полноќ.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,5 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,431 ден/кг и сега ќе изнесува 42,086 ден/кг.
Од 5.12.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 = 78,5 денари/литар
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 = 80,5 денари/литар
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) = 76 денари/литар
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) = 75,00 денари/литар
Мазут М-1 НС = 42,086 денари/килограм