Отстранети опасни гранати во Мариово каде што имаше пожар

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Пиротехничарот на ДЗС, Ѓорги Стефанов од атар на с.Мегленци Општина Новаци безбедно отстрани две артилериски гранати од 75 mm и 155 mm од Прва светска војна, „армирани“ (поминати низ топовска цевка) од предел што бил „поминат“ од мариовскиот пожар пред неколку денови.

Неексплодиранитрте убојни средства (НУС), гранатите, биле извадени од место што претходно  било опфатено со пожар при што не експлодирале од огнот. Таквите гранати и други убојни средства се опасност плус за сите коишто се наоѓаат во регион каде што ги има, а тој е зафатен од пожар.

Инаку, службената дојава до ДЗС Битола беше од страна на Полициска станица Новаци, а беа откриени од припадници на ТППЕ Битола.

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци