На 22 декември во НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ од 20 часот премиера ќе има претставата „Стапица за глувци“ на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“.
Кога неправдата не се разрешува на задоволителен начин и кога злосторникот не ја добива соодветната казна, тогаш се раѓа желбата за одмазда. Токму оттука почнува оваа приказна, која ја испитува човековата перцепција на вистината.
Секој мисли дека неговата перспектива е правилната, но што е, всушност, вистината? Како се манипулира со човековите мисли и зошто е толку лесно човек да биде наведен да размислува во погрешна насока, да си направи приказна во главата и да поверува во неа? Сомнежот е фрлен врз секого и секој претставува потенцијална опасност, затоа што секој има своја скриена приказна. Претпоставките, едноставно, мора да бидат преиспитувани.
„Пред вас поставуваме предизвик – да се обидете да откриете кој е убиецот и да дознаете дали вашите почетни сомнежи биле точни. Можеби и самите на крајот ќе се изненадите. Во секој случај, не откривате им кој е убиецот на оние кои не ја гледале претставата. Нека остане тајна!“
Режија: Борис Василески
Драматург и превод: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска
Сценографија и дизајн на светло: Мартин Манев
Костимографија: Марта Дојчиновска
Музика: Томе Темелкоски
Дизајн на плакат: Илина Василеска
Играат:
МОЛИ РОЛСТОН – Сара Спиркоска
ЖИЛ РОЛСТОН – Илија Волчески
КРИСТОФЕР РЕН – Дарко Карбески
ГОСПОЃА БОЈЛ – Марија Спиркоска Илијеска
МАЈОРОТ МЕТКАФ – Александар Тодески
ГОСПОЃИЦА КЕЈСВЕЛ – Даниела Иваноска
ГОСПОДИН ПАРАВИЧИНИ – Михајло Миленкоски
ДЕТЕКТИВОТ – НАРЕДНИК ТРОТЕР – Димитар Ѓорѓиевски
Инспициент: Елена Иваноска
Суфлер: Лилјана Батлеска
Светло мајстор: Ристе Гркоски
Сликар исполнител: Пеце Ристески
Реквизитер: Гоце Тодороски
Гардеробер: Снежана Ѓорѓиоска
Фризер-перикер: Даринка Богоеска
Декоратери: Сашо Смоквоски, Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски, Јане Јанкулоски