Средното Општинско Училиште „Кузман Јосифоски – Питу“ од Прилеп во кругот на училиштето попладнево го одржа Новогодишниот хуманитарен базар насловен како „Подари насмевки“. Учениците од ова училиште подготвија разни разни изработки и украси кои ги продаваа по цена од 100 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за новогодишни пакетчиња за дечињата кои го посетуваат Центарот за церебрална парализа од нашиот град, а дел за лекување на 12 годишниот Ангел Христовски кој боледува од ретка вродена мускулна дистрофија. Лекувањето за стопирање на болеста во Кина чини 23.000 долари, пари кои семејството не е во можност да ги обезбеди во овој момент.
„Учениците од СОУ Кузман Јосифоски – Питу“ од Прилеп по повод Новогодишните и Божикните празници се одлучија заедно со своите наставници да дадат свој придонес, да изработуваат новогодишни изразботки и истите да ги продадат и парите да ги донираат во хуманитарни цели. Овој настан видно ги исполни срцата на нашите ученици како и на гостите од другите училишта кои што ни беа присутни“, рече Христина Бозоска Николоски, директорка на СОУ Кузман Јосифоски – Питу“ од Прилеп.
Учениците истакнаа дека за овој базар се подгорвувале подолг период и дека сите овие израбтки биле направени од природни материјали. Се надеваат дка овие активности ќе преминат во традиција.
„Ние се подготвувавме скоро 2 недели за овој настан, имаме направено над 100 креации под менторство на еден професор. Сите креакции се направени од природни материјали како дрва, шишарки и слично и сме многу благодарни што овој настан се одржува кај нас и би сакале ова да прерасне во традиција и да се одрѓива секоја година за да се помогне на загрозените семејства и на тие кои им е потребна помош“, изјави Теона мајнова, ученичка во СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ од Прилеп.
„Со посебна чест и задоволство го организиравме овој базар за хуманитарни цели, посебно не мотивираше за да работиме и му благодариме на сите кои не посетија за да го оствариме ова“, кажа Ива Милошеска, ученичка во СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ од Прилеп.
„Се надеваме дека овој настан ќе премине во традиција и ќе се одржува повеќе години, со цел да се помогне на повеќе семејства“, додаде Ангела Колеска, ученичка во СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ од Прилеп.
На базарот беа понакети сите граѓани за да се соберат што е можно повеќе средства за оние на кои помошта им е најпотребна.