Планинарското друштво Златоврв од Прилеп во 2024 година одбележува 100 години од своето постоење. Тоа е и најстарото планинарско друштво во Македонија. Во текот на идната година за 100 годишниот јубилеј членовите од ова друштво планираат низа активности за одбележување на овој значаен датум.
Првата активност е дочекот на новата 2024 година на еден спектакуларен начин. Две групи планинари, едната која ќе оди на Топташ, а другата група на Маркови Кули, точно на полноќ ќе направат 2 спектакуларни огномети од двете страни на градот. Во ова чествување може да се приклучат сите граѓани на Прилеп, а за тоа како може да го направат тоа погледнете во интервјуто кое го направивме со Златко Ангелески, претседател на ПСК Златоврв и Христо Белокапоски, претседател на спортско качувачкиот клуб Златоврв.
Со нив поразговаравме и околу историјатот на друштвото, како тоа настанало, кои биле неговите први членови, но и како настанала традицијата на палење на огнови од околните прилепски врвови точно за Нова Година.
Планинарското друштво „Златоврв“ денес е поделено во 5 посебни друштва Спортско качувачкиот клуб Златоврв, потоа Спелеолошкиот клуб, Ориентациониот клуб, Планарско-спортскиот клуб и најново Спасителната служба Златоврв.
Многу повеќе за историјата на Златоврв, но и кои ќе бидат идните активности погледнете во интервјуто.