Полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот од СВР Битола и Полициското одделение при ОВР Ресен и ОВР Крушево денеска (03.01.2024), како и во текот на вчерашниот ден, во Битола, Ресен и Крушево организираа средби со граѓаните, пред се возачите, со цел да укажат на потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи, особено за да се превенира возење под дејство на алкохол.
Притоа им беа поделени и летоци со мото ,,Алкохол и волан – најлоша комбинација”, со корисни совети за побезбеден сообраќај.