Денеска (11.01.2024), полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола, продолжувајќи со превентивното делување, спроведоа активности во рамки на кампањите од областа на безбедноста во сообраќајот: „Алкохол и волан – најлоша комбинација“, потоа „Користи зимска опрема“, „Вози одговорно- прилагоди ја брзината“ и „Не користи мобилен кога возиш“.
Активностите беа реализирани на локации во централните градски подрачја на Битола, Ресен, Прилеп и Крушево при што на учесниците во сообраќајот им беа поделени летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Воедно, им беше укажувано за штетите и последиците кои можат да произлезат од непочитувањето на сообраќајните правила и прописи, како во делот на конзумирање на алкохол и управување со возило или некористење на зимска опрема т.е. зимски гуми, така и во делот на управување со неприлагодената брзина според условите на патиштата или користењето на мобилни телефони при возење.