Во организација на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), во Сокобања, Србија, се одржа дводневен настан на кој присутните се запознаваа со концептот на транспарентно, одговорно и отчетно работење на локалните заедници. Како дел од учесниците на овој настан беше и поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристeски, кој пред нив го претстави своето 12 годишно искуство на оваа тема.
„Со дванаесетгодишното искуство како Градоначалник на општина Прилеп, ги споделив практиките за успешно локално владеење со присуните на настанот од Србија.
Бидејќи, најважните елементи во процесот на јакнење на интегритетот и постигнувањето успешни резултати се транспарентноста и отчетноста, неопходно е нивно подобрување во континуитет.
За да изградиме институции во интерес на граѓаните, транспарентноста е прашање што треба да го надоградуваме“, истакна Ристески, на својот ФБ профил.