ИО Феникс организира крводарителска акција по повод Светскот ден на извидниците

По повод Светскиот ден на извидниците – 22 Февруари, Извиднички одред Феникс во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Прилеп на 14.02.2024 година  ќе организира крводарителската акција, од 10 до 14 часот во просториите на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Одделение за трансфузиологија.

На крводарителската акција добредојдени се сите граѓани со наполнети 18 години, кои се во добра здравствена состојба и имаат желба да направат добро дело.

Активностите по повод Светскиот ден на извидниците и роденденот на основачот на извидништвото, Баден Пауел, се организирани од 22 извиднички одреди во 17 градови во земјава. Под мотото „Направи добро дело“ се организираат крводарителски акции, социјална помош за лица на кои им е најпотребно, собирање донации, инклузија на деца и млади со помалку можности, грижа за улични животни, грижа и заштита за животната средина итн.

Извидничкото движење продолжува да биде најголемата организација за деца и млади во Македонија со преку 2500 членови, која придонесува во неформалното образование и физичкиот, социјалниот, психичкиот, интелектуалниот и емотивниот развој на децата и младите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи