Поскапување на горивата од полноќ

Facebook
Twitter
Email
Print

Според одлуката на РКЕ, горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат од половина до денар и половина за литар.

Бензинот Еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар, Еуросупер БС-98 поскапува за еден денар, а цената на дизелот се зголемува за денар и половина. Според тоа, литар Еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ ќе се продава по 81 денар, Еуросупер БС-98 ќе чини 83,5 денари за литар, а литар дизел ќе чини 79,5 денари.

За половина денар од ноќеска на полноќ се намалува цената на екстра лесното масло за домаќинство кое од ќе се продава по цена од 76,5 денари за литар.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи