Вооружен грабеж утринава се случил во банкарска експозитура во скопската населба Илинден, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Напаѓачот, како што соопшти МВР, влегол во банката и со закана со огнено оружје зел пари од вработените.
Настанот бил пријавен во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје во 10:26 часот, а во моментов се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Грабежот се случил во експозитура на Халк банка, а напаѓачот побегнал од местото.
Според првичните информации, одземена е поголема сума на пари.