После зголемувањето за 78%, пратениците изгласаа минимално покачување на функционерските плати

Facebook
Twitter
Email
Print

Собранието ги изгласа законските измени на 6 закони за намалување на коефициентите за пресметка на функционерските плати. Откако вчера беше изгласана потребата од нивно донесување по скратена постапка, експресно брзо ги поминаа комисиските филтри, а денеска и официјално беа изгласани од пратениците.

Изменети се 6 закони: Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица, Законот за пратениците, Законот за платите на членовите на Советот на јавни обвинители, Закон за платите на судиите, Закон за платите на јавните обвинители и Закон за платите на членовите на судскиот совет.

Предлогот го поднесе пратеничката група на СДСМ од каде рекоа дека со измените, платите на функционерите нема да пораснат со порастот на просечната плата. Покрај претходно зголемените плати за 78%, овој пат зголемувањето на функционерските плати ќе биде минимално. Според пресметките некои функционери ќе добијат минимално зголемување до 500 денари, а други до 2.000 денари. Без усвоените измени, функционерските плати ќе пораснеа за дополнителни 300 до 500 евра, во зависност од функцијата.

Според вицепремиерот Фатмир Битиќи, понуденото решение со намалување на коефициентите е најдоброто можно во овој момент, а тој се залага пресметката да се врши со методологија каква што има во јавниот сектор. Прашан зошто предлогот во Собранието не е од Владата, туку од група пратеници од СДСМ, рече дека „немало разбирање од сите“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи