Започнува имплементацијата на системот за препознавање на заедничките работни дозволи меѓу Србија, Македонија и Албанија.
Македонските граѓани ќе можат да работат во Србија и Албанија без било какви процедури и дозволи и за тоа ќе им треба само еден клик за да добијат слободен пристап до пазарот на труд како дел од иницијатива Отворен Балкан.
Корисникот треба да креира електронски идентитет на својот национален портал за е-управа, а потоа во неколку чекори да генерира свој ИД број на „Отворен Балкан“. На корисникот веднаш ќе му биде доделен ИД број на „Отворен Балкан“, а на неговата е-маил адреса ќе добие и потврда т.е сертификат за доделениот ИД број во форма на електронски документ.
Заинтересираните граѓани може да пристапат до електронскиот административен или управен портал на земјата на дестинација и да поднесат барање за слободен пристап до пазарот на трудот. По проверка на апликацијата се донесува конечна одлука, а најдоцна во рок од 30 дена од датумот на поднесување на барањето. По добивањето на одобрението, заинтересираните граѓани од трите земји на „Отворен Балкан“ може да се вработат, под исти услови како и секој локален граѓанин на државата, до две години, а по истекот на овој рок може да го продолжи одобрението, кое воедно преставува и одобрение за престој и работа.