На 10.03.2024 во 18.40 часот во ОВР Прилеп, 29 – годишник од Прилеп пријавил дека неговиот татко И.Т. физички го нападнал во нивниот дом. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 11.03.2024 околу 00.10 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во двор од куќа на ул.„Борка Стеваноски“ во Прилеп, сопственост Б.В.(40) од Прилеп, било опожарено неговото патничко возило „опел инсигниа“ со прилепски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од сопственикот, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од ОВР Прилеп. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.