Поевтинуваат горивата од полноќ

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за нови цени на горивата, кои важат од ноќеска на полноќ. Со тоа, малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98, како и на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се намалени за 0,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 0,267 ден/кг и сега  изнесува 44,019 ден/кг.

Од утре, максималните цени на нафтените деривати изнесуваат: за моторниот бензин еуросупер БС – 95 82,50 денари/литар, за моторниот бензин еуросупер БС – 98 84,50 денари/литар, за дизел-горивото еуродизел БС (Д-Е V) – 76,50 денари/литар, за маслото за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,00 денари/литар и за мазутот – М-1 НС 44,019 денари/килограм.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми