Цената на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар за литар. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за исто толку, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде поскап за денар за литар. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е 76 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 83, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 85,5 денари за литар, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и останува 75 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,222 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 43,797 денари.