Виз Ер драстично го скрати бројот на летови од поранешните југословенски републики, а најпогодени од оваа промена се аеродромите во Скопје и Охрид. Како што се првичните информации, причината за кратењето на 20% од летовите е пронајдена аномалија во специфична компонента на моторот, па заради претпазливост компанијата се реши на овој чекор.
Компанијата која нуди нискобуџетни летови го намалува капацитетот во Скопје како најголема база во регионот за цели 25 отсто. Охридскиот аеродром ќе претрпи уште поголеми загуби каде намалувањето ќе биде дури 48 % од капациетот на Визер.
Имено, ваквите промени на распоредот со летање ќе започнат од 31 март, а ќе траат се до 26 октомври. Летовите се намалени за 22,3 отсто во однос на целиот Балкан на првичниот план, додека капацитетот е намален за 31,5 отсто.