Економската директорка на Токсикологија не знае македонски и доаѓа на работа со татко ѝ

Facebook
Twitter
Email
Print

На лудостите во македонското здравство им нема крај. Новоназначената економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Илјази не знае македонски јазик, па кога мора да соработува со колегите, преведувачи ѝ се двете секретарки вработени во оваа клиника, јавува МКД.мк повикувајќи се на свои извори во клиниката.

Според нивните информации, директорката често на работа доаѓала со својот татко кој бил како нејзино обезбедување.

Таа била назначена за директорка на 14 февруари годинава.

„Бесија Иљази е назначена за организациски директор на Клиниката за токсикологија на 14 февруари оваа година, секоја универзитетска клиника според законот за здравствена заштита треба да има по двајца директори, еден медицински и еден организациски директор. Таа има завршено економски факултет, со претходно работно искуство во струката“, велат од Минстерството за здравство.

Според податоците на Министерството, во универзитетските клиники и институти има вкупно 30 организациски директори. Освен во универзитетските клиники, организациски директори има и во Клиничка болница Тетово и во Здравствен дом-Скопје.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи