34 годишнот прилепчанец Лазе Ристески, лице со посебни потреби, попладнево е пронајден во близина на црквата Свето Благовештение во Прилеп од страна на Деан Гулески граѓанин кој го познавал Лазе и семејството кое се грижи за него.
Ристески го напуштил својот дом вчера утрината 6 часот од кога му се губи секоја трага се до денес.
Неговиот старател Мирјана Ристеска им се заблагодарува на сите медиуми и сите граѓани кои се вклучија во неговата потреба.