Попладнево на граничниот премин Табановце дојде до судир меѓу полицијата и демонстрантите од ВМРО-ДПМНЕ кои денеска најавија дека ќе го блокираат граничниот премин.
Симпатизер на партијата со тврд предмет удрил припадник на кумановската полиција кој со колегите го обезбедувал преминот.
Набрзо насилникот е совладан и уапсен. Од МВР против насилникот најавија дека ќе поднесат соодветна пријава.