Три дена затворени сите сали на хирургија во Клинички

elementor-template id=”64379″]

Три дена операционите сали на хируршките клиники не биле во функција поради технички проблем. Според информации на Сител причина е пукната цефка која била поврзана со доводот на кислород и во функција била само сала за итни случаи.

Сите пациенти кои биле закажани за 8 и 9 април биле одложени со напомена дека ќе бидат повикани за 15 до 20 дена. Од денеска салите се во функција, но засега нема официјални информации од надлежните колку операции биле одложени и како ќе биде надополнето тоа што е пропуштено.

И ВМРО-ДПМНЕ со серија критики за овој настан.

„Изостанаа одговори како дојде до овој КОЛАПС на Клинички што е недозволиво да се случи на терциерно ниво, каде се третираат итни и неодложни состојби и за првпат се случува во историјата на македонското здравство. Неспособната власт која не водеше грижа за инфраструктурата, освен што до колапс го доведе хируршкиот блок на Клинички центар кој надвор од функција беше три дена, сега согласно информациите ПЕТ дена истечен е сертификатот за порталот на ФЗОМ и не е во функција. Јавноста многу добро памети кога за прв пат во историјата се случи колапс во ФЗОМ кога целиот систем беше блокиран со денови, заради истата и позната неспособност. И тогаш во така блокиран систем, видовме НУЛА отчетност и транспарентност, а директорите со денови беа сокриени од јавност и не можеше да се дојде до основа информација“, се вели во соопштението до ВМРО-ДПМНЕ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи