Николоски: За 2 години изградба на Прилеп-Градско, нови закони за тутун и минерални суровини, Прилеп добива 32 мил. евра, обиколница,нов театар и спортски сали



Наш гостин во ова издание на Инфо Регион е Александар Николоски, носител на листа за пратеници за ИЕ4 на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Николоски одговара на повеќе прашања поврзани со тоа кои инфраструктурни проекти ќе ги добие Прилеп доколку тие дојдат на власт, дали ќе има ревидирање на договорот со Бехтел и Енка и дали истиот ќе стане јавен, што се случува со гасоводот.

Дали ќе има нови инвестиции во ТИРЗ Прилеп, но и кој би работел во нив ако продолжи масовниот тренд на иселување, кои се плановите за стопирање на миграцијата. Николоски вети донесување и нов закон за тутун, како и нов закон за минeрaлални суровини за да Општина Прилеп добива повеќе средства од концесиите на рудниците. Александар Николоски потенцираше дека Прилеп конечно ќе добие и нов театар како и спортски сали.

За тоа кои се други проекти се планирани во Прилеп и регионот погледнете во интервјуто.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира