Денес градоначалникот на Општина Македонски Брод Жарко Ристески, оствари средба со Европскиот Амбасадор Дејвид Гир и Полскиот Амбасадор Кшиштоф Гжелчик. На средбата се разговараше за предизвиците и ресусрите на Општина Македонски Брод за искористување на можностите кои ги нудат ЕУ фондовите.
На средбата се константира дека Општина Македонски Брод користи дел од ЕУ фондовите но треба да се интензивира комуникацијата со Европската делегација за максимално доискористување на истите.
Евро-Амбасадорот и Полскиот Амбасадор остварија средба и со членовите на советот на Општината каде разговараа и разменија мислења околу начинот на искористување на ИПАРД фондовите кои ги нуди ЕУ.