Во ова издание на „10 ПРАШАЊА СО“ разговараме со Оливер Ангелески, фотограф и снимател кој со оваа професија се занимава над 30 години. Поразговаравме за интересните моменти кога работел во ТВ Прилеп, како еднаш јадел ќотек на штрајк на тутунопроизводителите, како во скап костум снимал во Сивец, но и зошто завршил со розеви бициклистички на снимање на седница на Совет на Општина Прилеп. Зошто има прекар ЧИЧО? Кои се најчудните места каде фотографирал, еднаш дури и импровизирале умрен човек? Комични, моменти од свадби и крптевки! Како се роди ФАН Продукција и што се снимаат? Одговорот на овие и други прашања може да го добиете доколку го погледнете ова навистина интересно интервју.