„УБАЈ МОЈ“ градов многу си го сакам, Прилеп e многу убав. Можеме многу повеќе да направиме за него, сите сплотени. Ни фали приказна, тие што се тука да останат тука, а тие што се надвор да си се вратат дома. Ова е главната порака од краткиот разговор, што го направивме во рубриката „10 ПРАШАЊА СО“ со Сашко Чупетрески, кој малку мина го знаат вака, а цел град го знае како ЧАЧЕ. Чаче, 25 години варди да не падни Градскиот саат, на истото место 2 и пол децении, 17 години како парфимерија, 8 години како една од најпознатите кафетерии во Прилеп. Еснаф, човек од кој што има многу што да се научи. Чаче раскажува зошто Чаче и Чаче, а Чоше е Чоше, што му недостасува на Прилеп, што треба да промени, колку време нема ставено гел на косата, кој е најдобриот шампон за жени, како би се викал Прилеп ако е парфем и уште многу други интересни прашања.